А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Власта и опозицијата во Собранието меѓусебно се обвинуваа за реализираното во транспортната инфраструктура

by А1он24/01/2020 - 13:14175
Share0

Во обвинувања меѓу власта и опозицијата кој колку направил во делот на транспортната инфраструктура помина денешната собраниска седница на која се расправаше за Предлог-измените на Законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид и за Предлог-измените на Законот за сигурност во железничкиот систем.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците од опозицијата обвинија дека на автопатот Кичево – Охрид не е ништо направено за две ипол години и оти штетите направени од неработењето се проценуваат над 30 милиони евра. Посочија дека Владата на СДСМ нема направено ниту еден мост, а во делот на железницата дека ништо не е направено од она што го ветиле во изборната програма.

– Автопатот Кичево-Охрид сега е во далеку полоша состојба, штетите кои се направени од неработа се над 30 милиони евра. Има свелишта, арматурата наменета за мостовите е рѓосана, а статиката е нарушена. Мораше да преземете мерки за заштита на градлиштето, рече Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во репликите на пратениците од опозицијата, министерот Горан Сугарески истакна дека во изминатите две ипол години е направено многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го има направено во изминатите 11 години. Обвинувањата ги отфрли како лаги и ги повика пратениците од опозицијата да говорат со факти, а не да изнесуваат паушални заклучоци.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Се обидувате комплетно да се амнетирате. Требаше да му кажете на Груевски да не го почнува овој проект онаков каков што бил, рече Сугарески, додавајќи дека во делот на железницата набавени се возови без седишта и оти за 11 години не е ништо направено околу железничката пруга кон Бугарија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео