Власта ги блокираше сметките на радио КАНАЛ 77

Од:

Сакајќи да покаже на извршната власт колку придонесува во загрозувањето на работатата на независните медиуми, градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, издал наредба на Стопанска Банка за присилна наплата на данок на имот на радиото Канал 77 и ја презел улогата на даночен извршител, објави денеска радиото.

Канал 77 соопшти дека без решение, без извршител и без доставен документ до Канал 77, во координација со Стопанска Банка, извршиле блокада и одземање на пари од жиро-сметката на радиото.

„Зоран Алексов изврши кривично дело, злоупотереба на службена должност и овластување, бидејќи ја презел улогата на даночен извршители без решение согласно законот за даноци. Стопанска Банка АД Скопје постапила како што бара извршната власт и го прекршила законот, примајќи налог од неовластено лице. Канал 77 ќе поведе судски спор против Стопанска банка АД Скопје и градоначалникот Зоран Алексов“, соопшти менаџментот на радиото.

Канал 77 ќе ги информира сите релевантни институции за методите со кои се служи извршната власт при кршење на правната држава за оневозможување на работата на радиото, се вели во соопштението.

 

 

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество