Владините функционери јавно ќе ги објават службените трошоци

Од:

Сите министри, заменици-министри, државни секретари и генералниот секретар треба на почетокот на јануари јавно да ги објават службените трошоци направени во претходните шест месеци.

Ваква информација, како што информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски, е усвоена на вчерашната владина седница.

– Во согласност со начелата на Влаадата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства на владината седница се донесе одлука со која се задолжуваат сите министри, заменици министри, државни секретари и Генералниот секретар да достават информација за службените трошоци направени во рамки на нивниот буџет во првите шест месеци од поставување на функциите. Почнуваме со нив, а во наредната фаза, многу блиску ова ќе важи и за сите останати носители на функции, изјави портпаролот.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски