Владиниот тим во Мајами ги претстави бизнис можностите на Македонија

Од:

Македонскиот владин тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ја продолжи економско-политичката посета на САД со презентација на можностите за инвестирање во Македонија во Мајами.

„Овде во Мајами одржавме бизнис презентација пред поголем број компаниии. Ги презентиравме можностите за правење бизнис во Македонија, а со некои од нив имавме и одделни средби и разговаравме за конкретни проекти за коишто се заинтерсирани. Имаше една многу интересна од автомобилската индустрија и неколку други со кои ќе продолжи комуникацијата со цел да успееме да ги привлечеме да отворат компании и фабрики во Македонија и да вработат луѓе што е главната цел нанашето патување“, изјави премиерот Груевски.

Тој е задоволен од досегашниот тек на посетата и верува дека остварените контакти и средби ќе вродат со плод и отворање нови работни места во Македонија

Презентацијата во Мајами е четврта по ред што ја реализира владината делегација по тие во Монтреал, Торонто и во Тампа. Следна дестинација е Детроит, за што, посочува премиерот, главна причина е годишниот собир на дијаспората. Ќе се искористат можностите за средби со поединци и компании за да почнат нивни проекти во Македонија. Македонскиот владин тим ќе присуствува и на бизнис форум во Атланта.

Како дел од политичките активности, по присуството на конвенцијата на Републиканската партија во Тампа, ќе ја проследат и конвенцијата на Демократската партија во Шарлот.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски