Владини делегации положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски во Скопје и на неговиот споменик во Струмица

Од:

Повеќе делегации на Владата на Република Северна Македонија денеска положија цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 16-годишнината од неговата смрт.

Делегација на Владата предводена од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, свежо цвеќе положи владина делегација во состав Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Елизабета Наумовска, заменичка министерка за образование и наука, и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Борис Трајковски и на членови на неговиот кабинет и на екипажот на авионот кој се урна во близина на Мостар во Босна и Херцеговина.

Сеќавањето на претседателот Трајковски останува силно како прв човек на државата во многу сложени времиња за нашата земја и за граѓаните, и како личност кој имаше непоколеблива визија за нашата земја како членка на НАТО и ЕУ, како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска