Владината седница за ребалансот на Буџетот во петок

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред 2 август.

Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба во Стопанската комора, владината седница за ребалансот е закажана за петок, во 9 часот наутро.

– Знаеме дека 20 дена ова прашање мора да биде отворено, десет дена дебата пред собраниската Комисија и пет дена максимум за пленумот. Верувам дека пред 2 август ребалансот на Буџетот ќе биде донесен, истакна Заев.

Според него, продолжува соработката со странските финансиски институции, а намерата на Владата е да влече пари и кредити само за инфраструктурни и развојни проекти кои ќе ги враќаат парите назад.

За Македонија е важно, нагласи премиерот, брзо да повлекува евтини пари и ако е можно, проследени со одредени грантови.

– Соработката со странските финансиски институции, ЕБРД, Европската инвестициска банка, Светска банка,…, кои се пријатели на Македонија, ќе продолжи, а зависи од нашата капацитетност за изготвување проекти и нивно реализирање. Тие се буквално отворени за соработка, а за нас е важно брзо испорачување пари, што е можно поевтини и проследени со одредени грантови, изјави Заев по работната средба.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места