Владина делегација во работна посета на Франкфурт

Од:

Владина делегација денеска и утре ќе престојува во работна посета на Франкфурт, Германија.

Во делегацијата ќе бидат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски.

Како што соопшти владината прес-служба, денеска се предвидени средби помеѓу претставници од делегацијата на Владата на Република Македонија и професори и еминентни доктори од Универзитетската клиника, Јохан Волфганг Гете. Целта е зацврстување и разгледување на можности за продлабочување на соработката со оваа реномирана здравствена установа.

Во рамки на работната посета утре ќе бидат остварени средби со претставници од Deutsche Bank, како и со раководствата на неколку успешни германски компании.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски