Владина делегација оддаде почит пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Од:

Владина делегација во состав Драган Тевдовски, министер за финансии, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација и Зорица Апостолска, министерка задолжена за странски инвестиции, утринава оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје, во 1963-та година.

Одбележувањето на 26-ти јули, кога се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, за Владата на Република Македонија е сеќавање на бројните жртви, но и вечен потсетник за сочувството, помошта и солидарноста што ги покажа светот кон семејствата на загинатите и кон градот Скопје. Тоа е наша обврска, да возвраќаме со сочувство и помош кон оние на кои им е потребно, да градиме општество врз темелите на солидарноста и да продолжиме да го развиваме главниот град со ентузијазмот и прогресивната визија, со којашто беше обновен.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје