Владина делегација на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје

Од:

Владината делегација во состав Заменик претседателката на Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Со свечената Велигденска литургија, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој во своето послание по повод Велигден истакна дека „сега, кога веќе ни е откриен вечниот живот, да не бидеме упорни во омразата и злото, туку да бидеме постојани во покајанието и простувањето, во воздржувањето и трпението.

Да се трудиме да не бидеме повод за соблазна и да не биде хулено името Христово поради нашите дела и постапки.

Да се молиме во мир, но и со мир да излегуваме во светот, зашто не би можеле вистински да се радуваме ако сè уште грешиме и ако не сме помирени со Бога“.

Членовите на владината делегација на крајот од Велигденската служба му го честитаа празникот на Архиепископот Охридски и Македонски на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, како и на присутните свештеници и верници со традиционалниот Велигденски поздрав „Христос воскресна – навистина воскресна“.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост