Владина делегација на Комеморативна седница во Општина Врапчиште

Од:

Министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Горан Сугарески и Љупчо Николовски, како и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска ќе присуствуваат на Комеморативна седница во Општина Врапчиште, каде ќе оддадат почит на загинатите граѓани во вчерашната тешка и трагична сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. соопшти владината прес-служба.

Претходно беше соопштено дека премиерот Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа што ќе се одржи во Општина Гостивар.

Сообраќајната несреќа се случи вчера попладнето. Во неа животот го загубија 14 лица, а четириесеттина се повредени.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он