Владимир Талески прогласи победа во Битола

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Владимир Талески прогласи победа во вториот круг од локалните избори во таа локална самоуправа.

На вечерашната прес-конференција во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Талески јавно се заблагодари за поддршката на граѓаните кои во вториот круг, како што рече, овозможиле уште поголема и поуверлива победа.

-Им се заблагодарувам на сите граѓани кои излегоа на изборите и чесно ја исполнија својата граѓанска обврска. Се заблагодарувам на сите што ја поддржаа нашата опција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Ова е доверба за делата и резултатите што досега ги направивме, доверба за континуитетот во соработката и за програмата како единствена сериозна понуда во овие локални избори, истакна Талески.

Актуелниот и иден градоначалник на Битола Владимир Талески најави дека во наредните четири години во Битола ќе бидат реализирани сите програмски ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во соработка со новиот состав на Советот на општина Битола и останатите креативни сили во овој град.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар