Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој е обвинет дека е дел од организаторите на насилните настани на 27 април, денеска истакна дека не може да разбере за што е обвинет и дека УБК постапувала согласно закон.
– УБК постапуваше согласно законската регулатива. Активностите се состоеја во оперативни сознанија и решенија на Врховниот суд на РСМ. Спротивно на закон не сум издал никаква наредба. За секое непрофисионално постапување на вработените во УБК сум преземал мерки. За секое мое постапување постои доказ во институцијата, изјави обвинетиот Атанасовски.
Лидерите на патриотските здруженија лично, како што посочи Атанасоваки не ги познавал.
– Не сакам да изнесам нешто друго заради класифицирани информаци. Оперативна операција „Платформа“ беше планирана од Агим Нухиу. На ова акција сум присуствувал на два состаноци. Првиот пат дадов анализа за критични настани, исто и на вториот состанок. Од моја страна како директор беа изложени три критични датуми. Согласно законот, УБК постапува за заштита на државни интереси, изјави Атанасовски.
Тој додаде дека две недели по настаните на 27 април, УБК постапувало за предистражни мерки од секаков вид.
Обвинетиот воедно говореше и за лицето Горан Живалјевиќ, за кого рече дека е дел од „постара група на разузнавачи“, односно припадник на БИА, со „силни конекци во целото подземје на цела поранешна Југославија“, односно дека неговата кариера пред 15 и повеќе години почнува во Македонија. – УБК максимално се ангажираше за расчистување на настаните од 27 април. Што бараше ОЈО без модификаци, без застарување на материали се им е дадено, наведе Атанасовски.
– Критичниот ден на 27 април имав нормално активности со брифинзи и средби со замениците. Целиот работен ден бев во канцеларија. Вечерта требаше да одам на ракометен натпревар. Некаде после Железничка добив повик од пратеникот Трајче Димков од Штип, ми рече Владимир, во Собрание настана проблем, рече во својата одбрана Атанасовски.
Тој спомна и изјава на обвинителката Ивана Трајчевска, која, според него, претходно истакнала дека критичниот ден имал контакт со Американската амбасада.
– Жалам за настанот. Недопустливо е на ваков начин да се влезе во Законодавниот дом. Како директор сум го брифирал Агим Нухиу дека може да дојде до насилен упад во Собранието, наведе Атанасовски.
Следното рочиште за овој случај е закажено за 1 јуни.