Владејачкото мнозинство во комисијата за лустрација се однесува како инквизиција

Од:

Погрешна е проценката на владејачките партии дека може со политичко-партиска лустрација да ги покријат сите останати неуспеси и огромни штети од катастрофалните и погубните политики на Владата.

Стартот на примена на новиот Закон за лустрација уште еднаш ги потврдува нашите јавни сомневања.

Инструментализираната комисија за лустрација, по нарачка на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, ќе се пресметува исклучиво со политичките неистомисленици, создавајќи “реално шоу“, во кое со објавување на пикантерии и детали од досиејата ќе се направи обид за отргнување на вниманието на јавноста од поскапувањата на струјата, бензините, парното, рекордната сиромаштија и невработеност.

Уште еднаш сакаме да потенцираме дека лустрацијата се спроведува по закон и законски одредби кои еднаш веќе Уставниот Суд ги укина. Владејачкото мнозинство во комисијата за лустрација се однесува како инквизиција, на чие чело стои претседател чиј мандат е одамна истечен.

СДСМ не ги гласаше измените на законот за лустрација и нема да биде соучесник во бруталното рушење на Уставниот поредок, загрозување на човековите слободи и права и владеењето на правото.

Овој демонски циркус еден ден ќе помине, но за жал многу луѓе, многу човечки судбини ќе останат запечатени и анатемисани.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија