Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Од:

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, се трите клучни проблеми за чие решавање постои целосна, стопроцентна согласност меѓу бизнисот и ВМРО-ДПМНЕ, беше речено по денешната средба на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со партискиот лидер Христијан Мицкоски и неговиот економски тим.

СКСЗМ ги оцени како конструктивни разговорите со Мицкоски и ги повтори барањата, како и очекувањата од идната влада. Мицкоски, пак, нагласи дека дел од проектите и предлозите што на СКСЗМ се веќе содржани во Платформата 1198.

-Имавме конструктивен состанок со ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме за идните четири години во стопанството. Ние и порано ја имаме предложено нашата Платформа со конкретни барања, а проблемите од пред четири години мислиме дека ќе ги решиме заедно, како партнери, со идната влада. Во некои точки се согласуваме и дел од нашата Програма ја има во партиската Програма на ВМРО-ДПМНЕ. Тука сме задоволни, веруваме дека нема да остане се тоа само во програмата, туку дека проблемите ќе се решаваат. Остануваме да бидеме глас на стопанството и ако не се реализираат нашите барања јавно ќе критикуваме и ќе бараме погласно да се реализираат. Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата се трите точки околу кои целосно се согласуваме со ВМРО-ДПМНЕ дека треба да се решат, веруваме дека идната влада ќе ги отстрани овие аномалии за да напредува стопанството, изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

Според Мицкоски, се што е реално и може да се реализира, е опфатено во предизборната програма.

-Имавме навистина еден квалитетен состанок на кој можевме да разговараме за економската програма што е составен дел од Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите што ги имаше СКСЗМ се содржани во Платформата 1198, бидејќи ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората. Мислам дека се што е реално и можеме да го оствариме, го опфативме во предизборната програма. Цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата ќе застане зад договорот за минималната плата

Горан Наумовски

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена и ќе ги надминеме приходите

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Враќањето на довербата во правосудството е приоритет број еден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх