Повеќе институции задолжени да се подготват за вакцинацијата против ковид-19

Од:

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за здравство ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против коронавирусот и задолжи неколку институции да изготват акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

– Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и до Министерството за здравство да достават сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19, се наведува во соопштението од владината седница.

Во врска со оваа информација, Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од седум работни дена да изготви и до Министерството за здравство да достави сопствен акциски план и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

– Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20 отсто од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести, се истакнува во соопштението.

На оваа седница Владата ја дополни и Одлуката за спречување на ширењето на КОВИД-19, со што секој патник од Велика Британија што влегува во земјата на кој било граничен премин задолжителниот карантин во домашна изолација да ги спроведува врз основа на изјава која ќе ја пополни на граничниот премин при влез во земјата, а патниците што транзитираат да имаат обврска земјата да ја напуштат во рок 24 часа.

Покрај ова, Владата ги прифати предлозите на Министерството за одбрана и на Министерството за труд и социјална помош за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана, кои се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19, како и на вработените од Специјалниот завод за лица со попреченост во Демир Капија, кои во грижата за штитениците во заводот неколку недели беа вон своите домови.

– На денешната седница Владата ја измени и дополни одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 26.868.500,00 денари на јавни комунални претпријатија кои се членки на Здружението на комунални дејности при Стопанската Комора на Македонија за поддршка на нивното работење како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата во рамките на владината КОВИД програма, се додава во соопштението од владината седница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски