Владата за извештајот на „Репортери без граници“: Ќе продолжиме најенергично да реагираме на појавите на закани кон медиумските работници

Од:

Владата со целиот капацитет ќе се насочи кон тоа повеќе да нема случаи на притисоци врз новинари и медиуми кои се наведени во документот, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски соопштувајќи го ставот на Владата за последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“.

Забелешките ќе бидат земени сериозно предвид иако охрабрува тоа што најважен индикатор во извештајот, рече, е што оваа Влада од 2017 до денес покажува позитивен тренд, што не беше случај со минатата влада, и тоа, како што рече, треба да биде показател дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува.

Пренесувајќи го ставот на Владата, Арсовски повика сите општествени фактори да бидат на висина на сопствената одговорност, да учествуваат во натамошното подобрување на состојбата и да придонесат во нагорниот тренд во медиумската слобода во нашата земја. Напомна дека Владата реагирала во случаи кога неколку претставници на институции од извршната власт имале непримерна комуникација со новинарите и за нивните постапки биле преземени соодветни мерки. Дел од нив, рече Арсовски, беа отповикани од вршењето на функциите.

– За мал дел од случаите беше побарана постапка од МВР, како во случајот со заканувачот кон две новинарки, што институциите експресно го расчистија. Затоа, го повторуваме апелот – секој случај да биде пријавен во полиција и тоа е најбрзиот и најсигурниот начин да се сузбие оваа појава. Го охрабруваме и Обвинителството и судството побрзо да ги процесираат случаите. Владата ќе продолжи и понатаму најенергично да реагира на појавите на закани кон медиумските работници, но треба да се има предвид и дека свој придонес и еднаква одговорност за перцепцијата за слободата на медиумите носат и сите други чинители, како што се политичките партии и останатите фактори во општеството, активни во сферата на јавните комуникации, истакна владиниот портпарол на редовната прес-конференција на која информираше за одлуките донесени на вчерашната седница.

Во извештајот на „Репортери без граници“ за 2020 година, кој беше објавен вчера, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс (од 92 на 90), но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

-Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, е наведено меѓу другото од „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите во Северна Македонија во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски