А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата усвои првичен пакет на мерки за семејствата опфатени со поплавите

by А1он02/03/2013 - 12:40167
Share0

Најдоцна до вторник Владата ќе исплати по 15.500 денари еднократна неповратна помош за секоја куќа или стан оштетени од поплавите.

Добивај вести на вибер

– Во текот на денешниот и утрешниот ден претставници на подрачните единици на МТСП и на Црвениот крст ќе ги посетат домаќинствата во подрачјата опфатени со поплавите за да направат попис на нивните потреби, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Владата на вчерашната седница усвоила пакет мерки во насока на санирање на настанатите штети од поплавите и природните влијанија во најголем дел во Источна Македонија.

Според Ѓорѓиев, бројката на куќи кои настрадале или се оштетени како последица на поплавите според проценките изнесува меѓу 1.500 и 2.000.

Овие 15.500 денари, како што појасни Ѓорѓиев, ќе бидат префрлени на трансакциска сметка на највозрасното лице во семејството, а исплатата ќе се одвива преку Министерството за финансии, почнувајќи од понеделник.

– Сакаме да потенцираме дека оваа еднократна помош е интервентна и дека таа не го анулира делумниот надомест на штети кој ќе се исплати врз основа на проценка на општинските комисии за штети согласно Законот, изјави Ѓорѓиев.

Владата одлучи целата количина на облека и обувки со кои располагаат Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот да се сортира по броеви и пол и во наредните пет, шест дена да се подели на лицата во настраданите подрачја од поплавите.

Претставниците на МТСП кои во текот на денешниот и утрешниот ден ќе остварат контакти со семејствата погодени од поплавите ќе соберат податоци за величината на облеката и обувките кои им се потребни и ќе ги достават до Царинската управа и Агенцијата.

Владата, исто така, ги задолжи Агенцијата за управување со одземен имот и Управата за јавни приходи да подготват список на покуќнина кои се во нивен посед врз основа на кои МТСП, МВР, Црвениот крст на Македонија и градоначалниците на општините во кои се случија поплави во текот на утрешниот ден ќе ја делат покуќнината на граѓаните од настраданите подрачја.

Притоа, при распределбата треба да се подготви записник кој што ќе биде потпишан од страна на примателот на покуќнината за да не се случи покуќнината да отиде на погрешна адреса.

Ѓорѓиев појасни дека станува збор за апарати односно бела техника, теписи, регали, маси, столици и друго.

Во овој сет мерки Владата исто така одлучи да отстапи на општините кои беа загрозени од поплавите 130 илјади литри нафта кои ќе бидат употребени за санирање на последиците од поплавите.

Ѓоргиев информираше исто така дека продолжуваат мерките за достава на лекови, храна и санитетски материјал онаму каде што е потребно, како и расчиствување на теренот и санирање на последиците.

poplavi

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:5518/02/2026 - 09:45

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:08

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:0217/02/2026 - 08:10

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Горан Наумовски16/02/2026 - 09:17

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен