Владата тврди: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум

Од:

ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум, напротив, беа уредно поканети и потврдени, но не се појавија, тврди Владата.

,,Владата испрати уредни покани до целата јавност и до сите политички партии за настаните за Илинден во Крушево, а ВМРО-ДПМНЕ беа уредно известени за сите организациски детали, при што од нивна страна стигна потврда за учество.

На 31 јули 2019 во 21:36 сите делегации имаат добиено мејл со сите логистички информации поврзани со положувањето цвеќе на сите три локации (Македониум, Слива, Мечкин Камен) со понуда за организиран превоз. На 1 август во телефонски разговор најавија дека ќе потврдат учество, после што испратија информација за делегација со нагласување дека нема да користат организиран превоз и кои се возилата со кои ќе пристигнат. За жал не се појавија да оддадат почит на гробот на Никола Карев на Македониумот”, се вели во соопштението.

Според Владата, распоредот на седење на Мечкин Камен е по стандарди на протокол, при што во трет и четврт ред се сместени сите политички партии, вклучително и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

,,Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ стана од сред настап од Тешкото на Танец за да држи прес- конференција на која изнесе дезинформации, со што покажа непочит кон Илинденската традиција (на Мечкин Камен традиционално се игра Тешкото) и кон Н.А. Танец.ВМРО-ДПМНЕ изнесе лаги во неуспешен обид да го оцрни Илинден кој постои за да обединува, а не за да дели”, се додава во соопштението.

„Очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев, а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места”, изјави претходно Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“