А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата со сет мерки за справување со поплавите

by А1он27/02/2013 - 13:04158
Share0

Владата донесе сет мерки за справување со последиците од врнежите и поплавите што деновиве ја зафатија Македонија. Го задолжи Координативното тело за поплави на сите места каде што недостасува вода за пиење да обезбеди цистерни  или флаширана вода, сите општини и Градот Скопје да ја активираат механизацијата на јавните и комунални претпријатија за интервенции, а министерствата за одбрана и за внатрешни работи да ги стават на располагање хеликоптерите, чамците и останата соодветна опрема за помош на населението во најкритичните места.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, донесени се и специјални мерки на дејствување на медицинските служби, како и препораки до населението за заштита на здравјето.

– Граѓаните од загрозените региони кои поради влијание на поплавите не се во можност да дојдат до аптеки или медицински центри, на бројот на итната медицинска помош 194 да ги пријават своите потреби за лекови и медицински персонал, порача Ѓорѓиев.

Директорите на здравствените домови во чии рамки е организирана итната медицинска помош треба да ја зголемат приправноста на екипите, а во ноќните часови да го удвојат присуството во ноќната смена со ангажирање тимови од другите дејности.

Јавните претпријатија за водоснабдување од денеска се задолжени да ги зголемат контролите на бактериолошка и хемиска исправност на водата за пиење со земање мостри двапати дневно. Истата активност, нагласи портпаролот, ќе ја преземаат и центрите за јавно здравје во загрозените региони.

Уште во текот на вчерашниот ден евакуирани и згрижени во прифатни центри се лицата чии домови привремено не функционираат. За нив се обезбедени санитетски пакети и храна, душеци, ќебиња, нагласи Ѓорѓиев.

Во радовишките села кои се отсечени поради паднатиот мост со хеликоптери на МВР веќе е испратена помош во чиста вода за пиење, лекови и медицински тим кој ќе остане таму до поврзувањето на овој регион со останатите. Градежна механизација пробива нов пат кој води од Злеово кон Покрајчево и се очекува негово обезбедување во следните 48 часа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно владините мерки се задолжува да изготви проекти за санирање на браните во Пишица и Слатино, а доколку не постои можност за тоа, да проектира изградба на нови брани на двете локации. Агенцијата за стокови резерви треба да достави до Владата соодветна одлука за отстапување храна за населението од најзагрозените подрачја.

Портпаролот Ѓорѓиев потсети дека министрите денеска се повторно на терен, вицепремиерот Владимир Пешевски во Струмичко, Гордана Јанкулоска во Кумановско, Миле Јанакиески во Пробиштип, Спиро Ристовски во Штип и Свети Николе, а заменик-министерот Зоран Коњановски во Радовишко каде ќе ги надгледуваат и координираат тековните операции за поддршка и помош.

poplavi

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Горан Наумовски17/04/2025 - 13:05

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ02/04/2025 - 15:5402/04/2025 - 16:20

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски02/04/2025 - 07:4402/04/2025 - 07:49

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Горан Наумовски09/03/2025 - 20:28

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

Горан Наумовски08/03/2025 - 07:35

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

Горан Наумовски17/02/2025 - 14:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен