Владата со протест и осуда до евроамбасадорот Орав за употребата на терминот „славомакедонци“

Од:

Во однос на употребата на терминот „славомакедонци” од страна на амбасадорот Аиво Орав, Владата на Република Македонија смета дека ваквиот однос не придонесува кон решение на отвореното прашање кое нашата земја го има со јужниот сосед, и изразува силно несогласување, протест и осуда на тоа.

– Доколку ова е нечија идеја со различно однесување на определени претставници Европската Комисија во еден момент да ни се допадне нам користејќи го терминот „македонски”, а во друг момент да им се допадне на нашите соседи користејќи го терминот „славомакедонци”, треба да биде свесен дека со ваков однос никако не придонесува кон решавање на отвореното прашање, се вели во денешното соопштение од Владата на Република Македонија.

Покрај тоа што со ваквиот однос се внесува забуна во процесот, се создава и основен проблем дека вака однесувајќи се и не водејќи се од принципи во своето однесување, и со вакви недоследности, не се создава терен за резултат од процесите. Водејќи се од потребата да се смири бранување во една или друга земја, а притоа бранувањата и да се создаваат со ваквото однесување, треба да се биде свесен дека не може да се постигнат резултати.

– Со ваквиот однос амбасадорот Орав треба да знае и да е свесен дека се изразува непочитување на основниот принцип на самоопределување и самоименување. Исто така, со овој однос, треба да знае дека свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата Европска Комисија ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на Обединетите Нации, се посочува во соопштението.

Владата ги цени напорите на Европската Комисија во процесот на проширување, но, како што се наведува, апелира на принципиелен однос од сите нејзини претставници по однос на ова за нас исклучително важно прашање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски