Владата со 60.000 евра ќе учествува во Фондот за Западен Балкан

Од:

Владата одлучи да го зголеми учеството во Фондот за Западен Балкан, почнувајќи од годинава, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Го зголемивме финансиското учество на нашата земја во Фондот за Западен Балкан, со идеја за подобра реализација на програмските активности на овој Фонд, и тоа значи дека земјава почнувајќи од 2019 година ќе уплаќа зголемени годишни контрибуции во буџетот на овој Фонд или во износ од 60.000 евра, рече Бошњаковски.

Истакна дека сите влади од регионот во рамки на овој Фонд заеднички работат на инфраструктурни поголеми проекти поврзани со граѓанскиот сектор, со обвразование, што се на регионално ниво.

– Сите земји контрибуираат, така што и ние контрибуираме. Ова е Фонд со средства што доаѓаат од буџетите на земјите на Западен Балкан, од ЕУ и од други донаторски земји, и парите се трошат на проекти во регионот, додаде владиниот портпарол.

Фондот на Западен Балкан, со седиште во Тирана, е прв фонд создаден од владите на земјите од Западен Балкан, а негова цел е да се зајакне соработката меѓу државите од регионот, со цел унапредување на интеграцијата во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски