Владата сега е опремена со сите можни планови и стратегии за борба против корупцијата

Од:

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како што информираат од неговиот кабинет, на денешната владина седница пред членовите на Владата го презентирал степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција.

– Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација нa имот со Акциски план подготвена од Министерството за внатрешни работи. Основна цел на оваа стратегија е зајакнување на капацитетите на националните институции како и на нивната координација во следењето на протокот на пари, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот, се вели во соопштениеот.

Како дел од активностите утврдени во Планот за борба против корупцијата, се вели во соопштението, се очекува нејзината имплементација да придонесе кривичните истраги да резултираат со конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– На седицата беше донесена одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата. Министерството за правда во соработка со Јавното обвинителство ја достави анализата за потребната кадровска и техничка екипираност на обвинителствата. Министерството за економија го подготви Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со новото законско решение се намалува бројот на членови на управни одбори, и тоа во државните претпријатија од 15 на 7 члена, а во општинските на 5 члена. Кај надзорните одбори бројот на членови се намалува од 5 на 3 члена. Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот, информираат од кабинетот на Николовски.

Николовски на седницата исто така информирал дека паралелно, институциите ги спроведуваат задолженијата за подготовка на интерни процедури за јавни набавки, годишна Антикорупциска програма, назначување на лице за внатрешно пријавување.

– На денешната владина седница се усвоија измените и дополнувањата на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции имененувани од Владата. Според препораките од ГРЕКО, со новите измени и дополнувања, разграничена е функцијата на лицето за интегритет коешто дава советувања за етички прашања и членот на Владата назначен за следење на спроведување на Кодексот, се вели во соопштението.

Со измените и дополнувањата, посочувата од кабинетот на Николовски, проширен е опсегот на лица кои подлежат на Кодексот, односно покрај носителите на јавни функции, советниците кои ги именува Претседателот на Владата и посебните советници во министерствата, сега ќе бидат опфатени и секретарите и помошниците секретари во Секретарјатите во Канцеларијата на претседателот на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски