Владата се собра на специјална вечерна седница и разгледа до каде е реформата на администрацијата

Од:

Владата соопшти дека на тематска седница ја разгледала информацијата за реформата на јавната администрација. 84-тата редовна седница беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

„На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти спроведена во рамките на двегодишниот ИПА проект „Поддршка кон државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија“, се вели во владиното соопштение.

„Структурираните оценки и мислењата во врска со анализата, која предвидува рационализација на бројот на институциите во државната управа, како и предлози за нивна поголема ефикасност, ќе бидат презентирани пред Советот за реформи на јавната администрација кој пак на Владата ќе ѝ ја предложи конечната верзија за реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби, како една од најважните активности во процесот на пристапување во Европската Унија“, додаваат од „Илинденска“.

На оваа седница Владата ја усвои и Информација за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Зад хоризонтот 21“ (Beyond Horizon 21), во Република Бугарија, на која покрај земјата домаќин ќе учествуваат и припадници на армиите на Романија и Грција.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата