А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата се премисли – го поништи огласот за директори и објави нов со подолг рок

by А1он03/02/2018 - 11:07157
Share0

Владата го поништи огласот од 31 јануари за директори и заменици. Во дневните весници вчера објави нов оглас за исправка на огласот за пополнување на 69 директорски и 25 заменички места. На прашање на „Макфакс“ која е целта на итноста на огласот, од Владата одговорија дека сè е во рамки на законот и не постои никаква интенција во кратките рокови за објавување на огласите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Некои од в.д. директорите на институциите кои ги контактираше „Макфакс“ рекоа дека рокот за кој треба да поднесат документи за да конкурираат за позициите е премногу краток. Напоменаа дека поради евентуално отсуство или поради службени патувања може да пропуштат да аплицираат.

Огласот за директори и заменици е само 3 работни дена бидејќи на повеќето в.д. директори им истекувал мандатот, соопшти Владата во средата. „Со цел да нема застој во работењето на институциите се појави ургенцијата за назначување“, соопштија оттаму. Вработените во Државниот комунален инспекторат, како што објави „Макфакс“ 3 месеци немаа земено плата бидејќи немаше назначено вршител на должност.

Следете a1on на Youtube YouTube

На прашањето дали в.д. директорите, на кои им истекува мандатот, ќе имаат доволно време да ги соберат потребните документи за да аплицираат на огласите, од Владата велат: „Станува збор за високи позиции и очекуваме дека сите кандидати што ќе аплицираат ќе бидат свесни дека критериумите мора да бидат во целост исполнети“. Лицата што сакаат да бидат директори треба, меѓу другото, да поседуваат меѓународно признати сертификати за познавање англиски јазик не постари од пет години или сертификатот АПТИС и да имаат положено психолошки тест и тест за интегритет, за чие издавање е потребно минимум 5 дена.

Со огласот на Владата се бараат директори и заменици на Управата за извршување санкции, Бирото за судски вештачења, Управата за водење на матичните книги, Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиско разузнавање, Управата на финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат…

В. Маглешов

vlada

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео