А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата заради национален консензус

by А1он17/10/2018 - 13:19159
Share0

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус. Ова го изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција посветена на одлуките од 95. седница на Владата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Премиерот Заев е трет ден во Собранието. Сите пораки се кристално и јасно искажани од собраниската говорница. Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи како што вели и премиерот пресериозна е работата. Амандманите ќе ги прави Владата и најдобро е да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус во духот на Договорот од Преспа, рече Бошњаковски на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на писмото од помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Вес Мичел, до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали е можна средба Заев-Мицкоски.

Во врска со начинот на кој ќе бидат формулирани амандманите и што се ќе содржат, ќе биде познато штом ќе заврши гласањето во Собранието, рече Бошнаковски посочувајќи дека не сака да шпекулира за нивната содржина.

За писмото од Мичел до Мицкоски, владиниот портпарол рече тоа е само по себе јасно и нема што да додаде.

Следете a1on на Youtube YouTube
ustavvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео