Владата разреши и именува директори и членови на управни и надзорни одбори

Од:

Владата на денешната седница го усвои Предлог-законот за медијација и донесе одлука тој да биде испратен на усвојување во Собранието.

Целта на законот, како што информира владината прес-служба, е приближување на земјата кон Европската унија и со него се очекува да се овозможат услови за успешна примена во пракса, да се овозможи воедначена примена на законските одредби од страна на сите медијатори и да се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена.

На денешната 147 седница е усвоена и Информацијата врз основа на која се овозможува општина Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско рекреативен центар за развој на еко туризам.

Владата ја усвои и Информацијата за Предлог-спогодбата со Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Србија и Северна Македонија

– Овие услови треба да помогнат во градењето на доверба помеѓу двете земји во однос на градењето на шемите за електронска идентификација кои ги користат, како и за меѓусебно признавање на средствата за електронска идентификација за безбедна електронска интеракција помеѓу граѓаните, претпријатијата и јавните органи со што ќе се зголеми ефикасноста на јавните и приватните електронски услуги, електронски деловни активности и електронското тргување, велат од Владата.

На денешната седница донесени се и повеќе одлуки за разрешување и именување на директори, в.д. директори и членови на управни и надзорни одбори на агенции, инспекторати, управи, државни претпријатија и јавни установи:

Висарa Риза е нов в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Милан Запровски е в.д. директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Емил Крстевски е именуван за в.д. директор на Државниот архив, Арбен Вила на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ.

Дејан Богоевски е именуван за в.д. директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, Пајазит Лика за в.д. заменик-директор на Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони, Армир Садики за в.д. директор на Бирото за јавни набавки.

За в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ е именуван Ване Цветанов.

Рефик Мустафа е именуван за в.д. директор на Управата за електронско здравство.

Марјан Огненовски е разрешен од должноста управител на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје, а на негово место е именуван Зоран Исајловски.

Милутин Станиќ е разрешен од должноста директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, а на негово место е именувана Славица Тодорова.

Смените на директори следуваат откако пред една недела премиерот Зоран Заев најави дека ќе има разрешување на 40-ина директори во јавните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго