Владата расправаше за Законот за јазиците

Од:

Владата на Република Македонија на 18-та седница ја отвори дебатата за усвојување на Предлог-законот за употреба на јазиците, соопшти денеска владината прес-служба.

– По првичната дискусија утвдено е дека е потребна понатамошна координација со цел да се постигне усогласување за начинот на имплементација на законското решение за употреба на јазиците односно да се доутврдат надлежностите кои би произлегле од законот во однос на двата органи кои ќе треба да се оформат: Агенцијата за примена на јазиците, како и Инспекторатот за употреба на јазици. Предлог Законот за употреба на јазиците по утврдување на наведеното ќе биде ставен повторно на дневен ред на некоја од наредните владини седници, се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски