Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“

Од:

Владата е согласна да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев вели дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“ на 9 и 10 мај 2015 година.

– Чекор што досега е направен е информирање на претставници на меѓународната заедница да размислат на варијанти како тоа би се извело. Ние не сакаме да има дилеми за неразјаснети работи кои се од интерес за граѓаните. Овој случај и тоа како е интерес на граѓаните. Верувам дека ќе ги најдеме начините со меѓународната зедница како да се оформи меѓународна истрага за овој случај, изјави Заев на денешната прес-конференција во Владата одговорајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски