Владата предлага измени на Законот за финансирање на политичките партии

Од:

На предлог на Министерството за правда, на синоќешната седница на Владата беше рзгледан Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.

Како што се наведува во соопштението од владинта прес-служба, со Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии се уредени начинот и постапката за обезбедување на финансиските средства, располагање со средствата за тековната работа и дејствување на политичка партија, како и начинот на контрола на финансирање и финансиско-материјалното работење на политичките партии.

-Согласно Законот за финансирање на политичките партии процентот за исплата на средства е 0,15% од основните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија во тековната година. Предлог-законот е потребен заради усогласеност со претходно донесени уредби, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски