Владата повторно ќе се подновува со службени возила

Од:

Владата ќе набавува нови возила преку оперативен лизинг, како што впрочем прави секоја трета година. Службата за заеднички и општи работи на веб-страницата на Бирото за јавни набавки го објави годишниот план за јавни набавка, по кој ќе следува огласот за набавка на службени возила. Освен возила, во годишниот план е предвидено и изнајмување возила за превоз на делегации, клима уреди, апетисани, аранжмани од режано цвеќе, видео надзор, изнајмување на апарати за копирање итн.

Владата веќе девет години, преку оперативен лизинг, постојано троши пари на нови службени автомобили кои на крајот не завршуваат во нејзина сопственост.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации вели дека во изминатите девет години преку лизинг за овие службени возила се потрошени 4,6 милиони евра.

„Личен луксуз на државна сметка“, коментира таа.

Оперативниот лизинг предвидува враќање на возилото на продавачот, иако неговата вредност можеби веќе е исплатена, па така повторувањето на оваа постапка претставува бунар без дно.

Факиќ објаснува дека во 2018 година Службата за општи и заеднички работи на Владата набавила 45 возила „Фолксваген пасат“ на лизинг од три години кои чинат по 39.500 евра за возило, осносно вкупната вредност на договорот изнесува 1.8 милиони евра.

Во 2015 година, исто така СОЗР набавило 40 возила од марката „Фолксваген“ на лизинг, кои државата ја чинеле 1.6 милиони евра.

Ваквото темпо на набавки почнува во 2013 година, кога СОЗР склучува договори за набавка на 30 возила од кои 23 од висока и седум од средна класа, за 1,2 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов