Владата попладнево ќе ја одржи 43-тата седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска во 15 часот ќе ја одржи својата редовна 43-та седница, информираат од секторот за односи со јавноста.

На денешната седница по предлог на Министерството за надворешни работи министрите ќе го разгледаат текстот од предлог-законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

По предлог на Министерството за одбрана ќе биде разгледана и информација за завршените преговори за склучување договор за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

Владата по предлог на Министерството за здравство ќе разгледа повеќе информации, за фузионирање здравствени домови и општи болници во населени места каде што има потреба, акцискиот план за развој на вонболничка постоперативна грижа на пациенти, како и акцискиот план за проектот „Воведување вакцинација против пневмокок и рота-вируси“.

На денешната владина седница ќе се разгледа и информација за функционирањето на националното координативно тело против семејното насилство.

Владата на Република Македонија ќе разгледа информации предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се однесуваат на реализација на проектот за формирање и поддршка на земјоделски задруги и за реализација на заклучокот на Владата во врска со поништувањето на огласите за давање земјоделско земјиште во долгорочен закуп и раскинување на договорите во периодот од 18 август 2004 до 4 декември 2004.

По предлог на ЈП „Македонијапат“ министрите ќе ги разгледаат програмата за изменување и дополнување на годишната програма за одржување и заштита на државните патишта за 2017 и информацијата за предвидени финансиски средства за набавка на потребната механизација и други потреби за нормално функционирање на ЈП „Македонијапат“.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски