Владата овозможува меѓународни стипендии за фини уметности и бесплатно дооформување на средното образование

Од:

Стипендии за студирање на најреномираните универзитети и специјализирани школи од областа на фините уметности во странство и бесплатно дооформување на средното образование во државата се новите владини мерки за квалитетно оформување на образованието на граѓаните.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информираше дека Владата на последната седница донела одлука да ги стипендира студентите кои ќе се запишат на еден од најреномираните светски меѓународни универзитети или специјализирани школи за филм, музика и ликовна уметност. Стипендијата, појасни, ќе биде полна и ќе ги опфаќа трошоците за партиципација за студирање и за живот на студентот.

– Студентите кои ќе ја добијат оваа стипендија ќе имаат обврска по завршувањето на нивните студии да работат во Република Македонија во временски период кој е двојно поголем во однос на времето кое тие го поминале за студии и завршување на нивното образование на меѓународниот реномиран универзитет или специјализирана школа за која добиле стипендија од Владата, рече Ѓорѓиев.

Следната недела Министерството за образование и наука треба да ја објави конкретната листа на меѓународни реномирани универзитети и специјализирани школи за кои ќе важи оваа стипендија, како и потесните критериуми и процедури за аплицирање за добивање на стипендијата од страна на студентите.

– Ова е извонредна можност студентите да аплицираат да се запишат на овие универзитети или специјализирани школи и да аплицираат за стипендии и на тој начин без никаков свој трошок да може да стекнат образование по најсовремените наставни меѓународни програми и од страна на реномирани професори, меѓу кои и реномирани режисери, композитори, ликовни уметници, кои предаваат на овие универзитети и специјализирани школи, истакна Ѓорѓиев.

По објавувањето на листата ќе биде распишан и оглас за аплицирање за стипендии.

Владата, додаде портпаролот, донела одлука од следната учебна 2013/2014 година да биде бесплатно дооформувањето на средното образование за лицата кои го немаат дооформено.

Ова важи за лица кои имаат завршено трет степен и сакаат да завршат и четврта година, но и за оние што немаат средно образование.

– Досега за да се запише и заврши четвртата година од средното образование лицата плаќаа 2.500 денари годишна партиципација, и по 300 денари за полагање на општообразовниот испит, односно по 1.000 денари за полагање на секој стручен испит. Од следната учебна година овие лица ќе немаат веќе никаков трошок, затоа што оваа можност ќе биде бесплатна за нив, рече Ѓорѓиев.

Лицата кои немаат завршено средно, досега за да го завршат целокупниот циклус на средно четиригодишно образование, во зависност од насоката, природата и атрактивноста на училиштето во кое се запишуваа, требаше да уплатат од 1.000 денари до 8.000 денари годишна партиципација и од 300 денари до 1.200 денари партиципација за полагање општообразовен испит, односно од 400 денари до 1.800 денари за полагање на секој стручен испит. Од идната учебна година и овие лица нема да имаат обврска да плаќаат.

– Во двата случаи се работи за просечна бројка помеѓу 2.000 и 3.000 лица на годишно ниво (во учебната 2012/2013 година бројката е 2.445 лица), со возрасна структура на лица кои во најголем број имаат помеѓу 20 и 35 години. Затоа што овој вид образование во иднина ќе биде бесплатен, истакна Ѓорѓиев, појаснувајќи дека за да не бидат оштетени училиштата кои по овој основ прибираа средства за вршење на наставата Министерството за образование и наука ќе ги покрива овие средства.

Со оваа мерка, додаде владиниот портпарол, се дава сериозна поддршка за голем број лица да го дооформат или завршат своето средно образование и ова, како што рече, е директно прифаќање на идеја и барање од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он