Владата освежена со двајца нови министри и тројца заменици

Од:

Владата доби двајца нови министри – за финансии и за подобрување на инвестициската клима, и тројца заменици во ресорите економија, образование и наука и во Министетрството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Премиерот Зоран Заев верува дека новите решенија ќе донесат дополнителен импулс во ресорите во кои се избрани, но и воопшто во создавање подобро општество и задоволни граѓани. Опозицијата, пак, смета дека честите измени во владата се показател за лоша политика, но и немање соодветен кадар.

– Убеден сум дека кандидатите за нови министри во делот на финансиите и подобрувањето на инвестициската клима ќе бидат сериозно засилување на владиниот капацитет, посебно во овој неповторлив, драгоцен период за земјата која очекува интегрирање во ЕУ и НАТО, рече премиерот Зоран Заев, образложувајќи пред пратениците зошто ги предложил Нина Ангеловска и Хисен Џамаили за овие позиции.

Теоретски лажен популизам, во пракса лоша хазардерска политика, вака пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги оценија новите предлози на Владата за министри во ресорите финансии и подобрување на инвестициската клима.

Според ВМРО-ДПМНЕ, лапсус на Заев е предлогот Нина Ангеловска да биде министер за финансии зашто таа на своите вработени, како што објавиле некои медиуми, им дава плата од 12.500 денари и тоа „на рака“, додека таа за себе земала 70.000 – 80.000.

Образложувајќи ги предлозите за избор на заменици министри – Кирил Колемишевски за економија, Елизабета Наумовска за образование и наука и Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, премиерот Заев рече дека станува збор за луѓе кои се образовани и со големо практично истуство, кои имаат голема желба и љубов од позиција на заменик-министер во соодветен ресор да помогнат во унапредување на состојбите во ресорите за кои се предлагаат, во услови кога во државата работите се придвижуваат напред.

Опозициските пратеници немаа забелешки за биографиите на предложените за заменици, но сметаат дека го немаат потребното искуство за ресорите во кои ќе бидат одговорни. Не ги критикуваа персоналните решенија, но беа остри во критиките за секторите во кои се назначуваат – образование и економија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски