А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата одлучи да се отповика почесниот конзул во Барселона

by А1он31/10/2017 - 21:23461
Share0

Владата на денешната седница го усвои предлогот на МНР за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, со образложение дека против него е поведена кривична постапка што преставува пречка за натамошно извршување на функцијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– На денешната седница Владата да го усвои предлогот на Министерството за надворешни работи за затворање на почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија, како и предлогот за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, со образложение дека против него е поведена кривична постапка што преставува пречка за понатамошно извршување на функцијата, соопшти владината прес-служба.

Македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус во април годинава е уапсен во Кејп Таун, Јужна Африка, под сомнение за убиство на неговите тригодишни близнаци, според весникот „Ел Паис“.

Мајката ги пронашла безживотните тела на децата, додека тој наводно побегнал од вилата во Кејп Таун, според информациите на полицијата во Јужна Африка. Набргу потоа бил уапсен.

Следете a1on на Youtube YouTube

Деус е познат стоматолог, како и директор на уште една приватна компанија, кој е почесен конзул на Македонија во Барселона од декември 2012 година.

Владината прес-служба соопшти дека заради завршување на мандатите на шефовите на конзулатите во Солун, Република Грција, и во Истанбул, Република Турција, Владата денеска донесе одлука за бидат отповикани и Зеррин Абаз, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Македонија во Република Турција, со седиште во Истанбул и Маја Апостолова – Балабурски, генерален конзул и шеф на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Република Грција, со седиште во Солун.

barselonavlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео