А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата објави насоки за државјаните на земјите кон кои воведе рестриктивни мерки за влез

by А1он10/07/2020 - 15:14386
Share0
Владата објави насоки за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на дипломати, членовите на нивните семејства и на граѓани со двојно државјанство од овие држави за начинот на транзит и на регулиран привремен или постојан престој во Северна Македонија.
Во насоките, изработени во соработка со Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи,  се вели дека:
а. При влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, не е потребно да се приложи медицинска потврда од направен ПЦР тест, имајќи предвид дека странскиот државјанин транзитира низ територија на Република Северна Македонија, односно потребно е само да потпише изјава и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

б. При влез на копнен граничен премин, а со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, потребно е задолжително да се прикаже авионски билет (електронски билет) и да се потпише изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.

в. За професионалните превозници (возачи), не е потребно приложување на медицинска потврда од направен ПЦР тест, само со обврска за задолжително почитување на протоколот за вршење на меѓународен превоз.

г. За организиран автобуски превоз или меѓународни транзитни редовни линии, дозволен е влез за транзит, при што не е потребно приложување на медицинска потврда од направен ПЦР тест, а територијата на државата мора да се напушти во рок од пет часа, со потпишување изјава за транзит.

Следете a1on на Youtube YouTube

1. Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои имаат регулиран привремен или постојан престој во Република Северна Македонија, при секој влез во државата задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата.

2. Странските дипломати од земјите наведени во предметната одлука и акредитирани во Република Северна Македонија, како и членови на нивните семејства, при влез во државата не е потребно да приложуваат медицинска потврда од направен ПЦР тест.

3. Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои имаат претходно закажани здравствени прегледи и лекување во здравствена установа во Република Северна Македонија, може да остварат влез во државата со задолжително приложување на медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата, како и медицинска потврда за закажан лекарски преглед.

4. Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а кои имаат двојно државјанство, доколку имаат живеалиште во Република Северна Македонија (согласно евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи, или пак се носители на МКД лична карта), при влез во Република Северна Македонија не е потребно да се приложи медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест.

Но, доколку овие странски државјани имаат живеалиште во државата во која го имаат второто државјанство (една од горенаведените држави опфатени во член 1 од Одлуката) при влез во Република Северна Македонија потребно е задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата.

Носители на патни исправи издадени од Република Северна Македонија кои имаат адреса на живеење во Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при влез во Република Северна Македонија задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата.

5. Министерството за внатрешни работи по прибавување на пополнетите изјави од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно со медицинските потврди од ПЦР тестовите да ги доставува на проверка и потврдување до определени лица од Министерството за здравство, а Министерството за здравство истите да ги доставува до регионалните Центри за јавно здравје, согласно адресите.

Овие насоки Министерството за надворешни работи ќе ги достави до сите дипломатско конзуларни претставништва во насока на соодветно информирање на јавноста, велат од Владата.

granicivlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео