Владата нема слух за нашите барања велат од СОНК, генерален штрајк од 11 април

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија вчера доесе одлука за почување генерлаен штрајк кој ќе почне на 11 април информираат од СОНК.

– На седницата, неминовен беше заклучокот дека Советот на СОНК го почитува социјалниот дијалог и дека во изминатиот период оствари повеќе средби, како со Владата, така и со социјалните партнери МОН И МТСП, за усогласување на платите со минималната плата на национално ниво. Но, за жал, во овој временски период, по однос на нашите барања, нема никаков резултат. Неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства, дополнително влијае на одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања велат од Синдикатот.

Штрајкот би бил класичен, а тоа значи дека вработените кои ќе бидат во штрајк, нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес.

СОНК ги повикува своите членови да останат единствени и сплотени во борбата за заштита на своите права, преку која сите засегнати во државата ќе ја сфатат сериозноста, силата и големината на нашиот Синдикат.

– СОНК бара разбирање и поддршка од родителите на учениците, заради времениот прекин на воспитно-образовниот процес односно прекинот на работа на детските градинки, основните и средните училишта, како и ученичките и студенските домови. Убедени сме дека нашата синдикална борба за остварување на социјални права ќе вроди со плод, при што конечно вработените во овие дејности ќе бидат достојно вреднувани, а со тоа и помотивирани за извршување на своите работни обврски велат од СОНК.

Би можело да ве интересира

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК

Катерина Ѓуровски

20 проценти повисоки плати за вработените во социјалните установи

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите