Владата нема нови информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран‑Монтана

Од:

Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчезнат во пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана.

– Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има едена личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Стапено е во контакт со официјални претстваници на Швајцарија и понудена е помош.

– Стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно да побараат помош, рече Митева и во име на Владата изрази жалење и сочувство за несреќата во Кран Монтана.

Би можело да ве интересира

Идентификувана e првата жртва на ужасот во Кран-Монтана, загинатиот е 17-годишен успешен голфер

Ужасот во Швајцарија почнал со шоу: Се појавија фотографии од „запален“ шампањ пред пожарот

Горан Наумовски

Швајцарскиот претседател по трагедијата во Кран-Монтана: Земјата се соочува со еден од најцрните денови

Горан Наумовски

Најмалку 47 загинати за време на новогодишна прослава, Швајцарија e во шок

Македонија понуди лекари специјалисти кои рабoтеа со повредените во Кочани за помош во швајцарската трагедија

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка: луѓе во паника бегаат од огнот во барот во Швајцарија

Катерина Ѓуровски