Владата не се откажува од ветингот во правосудството, тврди владиниот портпарол

Од:

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска изјави дека Владата не се откажува од најавениот ветинг во правосудството. Годинава, почнати се постапки против 83 судии, а како причини се наведуваат застареност и несоодветно постапување по предмети и слично.

На прес-конференцијата во Владата, Арсовски појасни дека државата може да даде само времена рамка за овој процес, а самиот процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

– Државата не може да ја направи филтрацијата. Овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019 до 2020 година само Судскиот совет разреши осум судии, а оваа година се почнати постапки за 83 судии. Причините се застареност на предмети, несоодветно постапување по предмети и слично, рече Арсовски.

Признава дека целиот процес малку изгубил на интензитет поради пандемијата бидејќи дел од судиите се заразени или во само изолација поради контакт со заболен.

– Како и да е, Владата е се откажува од овој процес и тоа ќе биде остварено, порача Арсовски.

Прашан зошто официјалната веб страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е само на албански јазик, владиниот портпарол изјави дека страната е во изработка и оти за многу кусо време ќе биде пуштена во функција и на македонски и на англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО