Владата набавува газирани сокови, а нас не учи дека се „смртоносни“

Од:

Скапата кампања за здрава исхрана која неодмана ја презентираше лично премиерот Никола Груевски не ја почитуваат токму од владата. Граѓаните ги учат да не пијат, а токму тие ќе набавуваат газирани пијалоци.

Иако половина милион евра народни пари ќе се потрошат за медиумски да се престави на граѓаните здравиот начин на исхрана, институциите како да не ги виделе тв спотовите со кои се преплавени телевизиите.

Од многуте видеа кои освен на телевизија достапни се и на интернет е она и за водата.

Во четириминутен спот се објаснува за штетноста од пиењето на индустриски и газирани сокови кои се полни со шекер и се препорачува пиење на вода.

Во спотот главната поента е да се исфрли газираниот сок од употреба поради сериозните последици по здравјето.

„Освежете се со една ладна сода. Знaете ли колку шекер има во оваа лименка. 35 лажици шекер и што се трпи црниот дроб за да го преработи ова. И затоа секогаш бркајте ја смртта со здрава природна и незаменлива вода“

Но и покрај оваа порака која освен граѓаните треба да влијае и врз сите останати, службата за општи и заеднички работи на владата објави тендер за набавка на газирани сокови.

Тендерот за набавка на газирани сокови е со вредност од 1.100.000 денари без вклучен ДДВ или околу 17.000 евра.

nabavkaGaziraniSokovi1 nabavkaGaziraniSokovi

Премиерот Никола Груевски соопшти дека кампањата ќе чини 456.117 евра а доколку се додаде ДДВ ја поминува сумата од половина милион евра.

Претходно Владата советуваше низ реклами да не се јаде црвено месо, дури и премиерот, меѓутоа Владата набави, јунешко, јагнешко и свинско месо.

Премиерот Никола Груевски на јавноста и соопшти дека здравата храна е предуслов за добар живот. На граѓаните им порача да јадат многу зеленчук и овошје исклучувајќи го компирот.

Груевски меѓу другото рече дека кога станува збор за внесување на протеини граѓаните би требало да конзумираат риба и пилешко месо но не и црвено месо кое му штети на здравјето.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+