Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 75-та седница

Од:

На дневен ред на денешната 75-та владина седница, меѓу другото, е предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор.

Министрите на седницата ќе го разгледуваат ценовникот за висината на цената на сирова вода наменета за водоснабдување на населението од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица кон корисниците на ЈП „Студенчица“ Кичево за регулираниот период 2018-2020 година, со предлог-одлука.

На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на 75-тата седница Владата ќе ја разгледа предлог – програмата за капитални трансфери за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој, како и информацијата за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на проект за инфраструктура за изградба на МХЕЦ на река Стровија и пропратни објекти КО Стровија, во општина Долнени, со предлог-одлука.

Пред министрите на денешната седница ќе се најде нацрт – одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината, нацрт – договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија и услуги АИМ ПРОПЕРТУ ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште и нацрт – одлуката за давање на согласност на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија и услуги АИМ ПРОПЕРТУ ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште.

Исто така, министрите ќе ја разгледаат и информацијата за предлог – договор за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија ТЕЛАМОН ЕВРОПА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, предложена од кабинетот на министерката без ресор, задолжена за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска.

Денеска Владата ќе одлучува и за предлог – законот за спречување и заштита од дискриминација, предложен од Министерството за труд и социјална политика, а ќе го разгледа и конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Јавна установа за деца-Детска градинка на Општина Центар – 13 Ноември Скопје, предложен од Државниот завод за ревизија.

75-тата седница на Владата на Република Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски