А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата ќе разгледува извештаи за работата на ПИОМ, МЕПСО и КХВ

by А1он26/06/2018 - 11:1526/06/2018 - 11:38119
Share0

На 76-тата седница на Владата, која треба да започне денеска во 12:00 часот, министрите ќе го разгледаат извештајот за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во 2017-тата година.

Следете a1on на Instagram Instagram

На предлог на Генералниот секретаријат на Владата, министрите ќе дискутираат и за информацијата за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Македонија, органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот од јануари до март оваа година.

Како материјал за информирање, Владата ќе ги разгледа финансиските извештаи за работењето на АД МЕПСО во Скопје, во третиот и четвртиот квартал од 2017-тата година, односно во периодот од јули до декември, како и конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на Комисија од хартии од вредност на Република Македонија.

Владата на денешната седница, на барање на Собранието, треба да даде мислење за предлог – законот за изменување на Законот за инспекциски надзор.

Следете a1on на Youtube YouTube

Денеска пред министрите ќе се најде и предлог – уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2019-тата година.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео