Владата на пладне ќе одржи конститутивна седница

Од:

Владата на Република Северна Македонија денеска на пладне во свечената сала ќе ја одржи првата конститутивна седница.

На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии.

Медиумските сниматели и фоторепортери ќе имаат можност да направат инсерти на почетокот на владината седница. Заинтересираните медиумски претставници треба да пристапат кон влезот од страна на Медија центарот најдоцна до 11:45 часот.

-Поради мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19, ве замолуваме за задолжително носење на лична заштитна здравствена опрема, како и медиумска акредитација, а на влезот ќе се врши мерење на телесна температура и дезинфицирање, се наведува во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски