Владата ќе троши 10 милиони евра за чистење и одржување

Од:

Нови 10 милиони евра народни пари ќе се потрошат за чистење, тековно одржување, дактилографски услуги. Службата за општи и заеднички работи објави нов оглас за оваа услуга која истекува на први септември годинава.

Проценетата вредност на услугата е 560.029.552 милиони денари или околу 9 милиони евра. Ако на крајната сума и се додаде ДДВ цената стига до 10 милиони евра.

Во огласот се наведува дека ќе се одржува и ПП заштита како и одржување на ТТ централи за органите на Државната управа.

Договорот ќе биде со важност од три години.

Во 2012-та година истиот тендер го доби фирмата Секјуриком и од државата инкасираше 10 милиони евра за три години.

Секјуриком била и единствената фирма која се јавила на тендерот распишан од службата за општи и заеднички работи.

Праксата приватна фирма да ги одржува органите на Државаната управа е донесена уште во 2006-та година.

Пред девет години фирмата „Секјуриком мултисервис интернационал“ од државата презема 400 хигеничарки и дактилографки со обврска дека нема да ги отпушти како технолошки вишок во период од десет години или до 2016-та година.

Основна интенција е овие несуштински функции била да се одвојат од ставката плати од буџетот иако тие веќе девет години се на товар на Буџетот, но во вид на услуга.

Државниот ревизор во извештајот за Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола на внатрашна ревизија кај Службата за општи и заеднички работи нотирал дека постои ризик да се надмине цената на склучениот договор од пред три години со фирмата Секјуриком кој го доби тендерот во 2012-та за 10 милиони евра.

На ова реагирале од службата и на 15 февруари годинава одговориле дека се преземаат мерки за минимизирање на ризикот од надминување на вредноста на договорот.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски