Владата ќе се „штити“ со барокна ограда од 700.000 евра

Од:

Договорот за изработка на барокна ограда околу рефасадираната зграда на владата е потпишан.

11

Screenshot_4

Фирмата Бауер БГ ДОО Скопје го доби тендрерот за ограда вреден 43.087.604 денари или околу 700.000 евра. По новата фасада со антички столбови Владата ќе се огради и со стилизирана ограда која ќе го дополни амбиентот.

Освен барокната фасада во дворот се поставија и стилизирани канделабри. Некогашниот обејкт на „Це-Ка“ бил со идеја да не се оградува а архитектот на зградата Петар Муличковски не се согласи да се менува автентичниот изглед.

На тендерот за оградување на барокната зграда на владата се јавиле пет понудувачи а еден од клучните критериуми за добивање на набавката е најниска цена.

Највисоката добиена понуда е 54.605.092 денари додека нај ниската 36.514.919 денари. Заедно со новата стилизирана барокна ограда вкупната реконструкција на објектот на владата ја надминува сумата од 16 милиони евра. Автор на новиот изглед на владата е архитектот Жарко Чаушевски.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски