Владата ќе разгледува закони од финансиската и економската сфера

Од:

Измените и дополнувањата на законите за вршење сметководствени работи, за едношалтерски систем и за Македонската банка за поддршка на развојот, се само некои од точките што ќе ги разгледа Владата на денешната редовна 25 седница.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе се утврдува и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, а ќе биде разгледана и Информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023 година.

На усвојување ќе биде ставена и Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година.

Предвидено е седницата да се одржи во 12:00 часот, преку видео-конференциска врска, а за заклучоците и одлуките Владата ќе информира со соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски