Владата ќе расправа за користење на ЕУ фондовите и приоритетите за НАТО

Од:

– Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 41. седница на која ќе расправа за користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, како и за статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО.

На дневен ред е и информација за изградба на заедничка железничка станица на Република Македонија и Република Србија во населено место Табановце, за период 1 јануари до 30 јуни 2017 година, информации во врска со реализација на договори за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи, информација во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна Електрана Богословец, со Предлог-одлука.

Владата ќе расправа и по информацијата на Управата за јавни приходи за состојба и можностите за наплата на даночен долг кај ЈП Македонија пат ЈПЦО Скопје, како и Предлог уредба за изменување на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски