Владата ќе расправа за гасификацијата, за пречистителна станица во Скопје и за нов театар

Од:

Владата на Република Македонија на денешната 110-та седница ќе ја разгледа Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево” со Акциски план, соопшти владината прес-служба.

Министрите на седницата ќе одлучуваат по Извештајот за завршени преговори за склучување Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во заштита и спасување од природни и други катастрофи.

Дел од денешната седница е Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Спогодба за отворање односно реконструкција на гранични премини во Регионот на Преспанското Езеро со Нацрт текст на Спогодба, предложен од Министерството за надворешни работи.

На предлог на Министерството за економија, пак, Владата ќе ја разгледа Информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија.

Како материјал за информирање, членовите на Владата ќе ја разгледаат Информација за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година со Финален извештај за самооценување.

Министрите на 110-та редовна седница ќе одлучуваат и по Информација во врска со реализација на Проектот – Изградба на нов театар на место на Драмски театар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски