Владата ќе расправа за формирање Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Од:

Владата на денешната 135-та седница на предлог на Министерството за финансии и на Управата за финансиско разузнавање ќе се разгледа Предлог – одлуката за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

На дневниот ред на седницата е и Информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги и план за целосна дигитализација на регистрите во Управата.

Министрите денеска треба да се произнесат и за Предлог – Националната програма за координација и преземање на ефективни мерки за надзор на пазарот за 2019 и 2020 година, со Акциски план.

Министерството за внатрешни работи за денешната седница ја предложи Информацијата за прогресот во модернизација на ИТ системи во Министерството за внатрешни работи, како предуслов за размена на веб сервиси.

Министерството за здравство ќе ги презентира Информацијата за прогресот на активности во реализација на акцискиот план за проектот – Фузионирање на здравствени домови со општи болници во општините каде тоа е потребно, и Информацијата за прогресот на активности во реализација на проектот „Служби за помош и поддршка на стари лица Домашна посета и Домашен лекар“.

На денешната седница ќе се најде и Информацијата за реализација на активностите од Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2015-2019) во 2018 година, на предлог на Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго