Владата ќе купува лед телевизор за 200.000 евра

Од:

Владата ќе набавува лед екран за надворешна употреба кој ќе биде поставен над новата зграда на Факултетот за драмски уметности.

Службата за општи и зеднички работи проценила дека за набавката на лед телевизор ќе се потребни 13.029.661 милиони денари или околу 212.000 илјади евра без вклучен ДДВ во цената.

„II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:

Набавка, монтажа и пуштање на ЛЕД екран за надворешна употреба

II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 13.029.661,00 ден“, стои на страната на бирото за јавни набавки.

Васе Доневски од Службата за општи и заеднички работи за А1 објасни дека лед телевизорот ќе биде како оној на заградата на Сити Галери на плоштад. Според него овој телевизор само ќе го дополнел амбиентот на новата зграда.

Новата зграда на ФДУ каде треба да се сместат уште 13 државни институции меѓу кои Даночната управа и Бирото за јавни набавки се гради кај црквата „Пресвета Богородица“ или спроти новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Објектот ќе биде на седум ката плус поткровје а преокцијата е дека ќе чини околу 20 милиони евра а го гради фирмата Гранит.

Зградата ќе биде висока 29 метри и според огласот на Службата за општи и заеднички работи, лед телевизорот ќе се постави на или над зградата.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада