Владата ќе ја одржи 89. седница

Од:

Владата денеска ќе ја одржи 89-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другите точки е и Информацијата за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Изработка на Стратегија за развој на енергетиката на Република Македонија до 2040 година“, која доаѓа како предлог на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На дневен ред се и Информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година, Информацијата за текот на постапката за основање на ТИРЗ Липково, а ќе биде разгледан и тримесечниот извештај за работата и материјално-финансиското работење на МЕР АД Скопје, како и Полугодишниот извештај за работењето на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам за периодот.

На предлог на Министерството за здравство, Владата на РМ денеска ќе ја разгледа и Информацијата за можноста за воспоставување на јавно приватно партнерство преку формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услугите за пребарување и спасување (SAR) чија цел е подобрување на животниот стандард и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија и за сите посетители во земјата.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+